Мачки

Мачка како домашен миленик

Денес мачките како домашни миленичиња, се попопуларни од кога било и верувале или не - побројни се од кучињата. Така во Европа и Северна Америка, дури 180 милиони мачки го нашле својот дом и живеат како домашни миленици. Но, без оглед на овој интересен факт, мачката и понатаму е многу независна и најмалку проучено животно. Размислувањето на мачките драстично се разликува од она на човекот, и нејзината генетска способност и адаптација на околината е скоро совршена. Ако имате мачка или планирате да набавите, тука се и некои практични совети кои ќе ви помогнат во купувањето, одржувањето, исхраната и здравјето на вашата мачка како милениче.

 



Мачка во историјата

 

Домашната мачка (Felis domesticus) е месојад, припаѓа во семејството на мачки (Felidae) во која кои припаѓаат лавови, тигри, леопарди и други диви мачки. Веќе во петтиот век пред нашата ера, во областа на египетската цивилизација, мачката почна да се населува во човечките живеалишта привлечени од многу храна и плен (глувци и глодачи). Наскоро времето почна да работи во корист на мачките и тие станаа свети животни, а луѓето почнаа да ги чуваат масовно по своите домови и нивното убиство да го казнуваат со смрт. Египќаните беа меѓу првите кои го препознаа позитивниот ефект на мачката врз здравјето на луѓето, но и врз земјоделството затоа што успешно ја елиминира инвазијата на глодарите. Храмови и светилишта беа украсени со мачки божества, а исто така мачките беа еден од главните мотиви во уметноста и скулптурите . Кога падна египетската империја, мачките се проширија низ Европа. За разлика од Египет, во овие области луѓето не им беа толку наклонети на овие животни, па често беа поврзувани со злото, црната магија и вештерките. Но, дури и тогаш тие беа толерирани, бидејќи луѓето ги заштитуваа од големиот број на штетници кои во тоа време ги преплавија човечките живеалишта. Со текот на времето, поради приврзаноста на мачките кон луѓето, луѓето се повеќе почнуваа да ги прифаќаат и да ги припитомуваат, но само под услови кои мачката ќе ги постави. Имено, за разлика од кучињата, мачката сама го избира својот сопственик и го задржува правото изборот да го промени.

 

Што треба да знаете пред да се одлучите да набавите мачка?

 

Мачката како домашен миленик, бара многу помалку од кучето. Не е потребно да се шета и многу брзо и лесно се учи на извршување на физиолошките потреби во нејзиниот тоалет. Ако мачката не се разгали, ќе добиете прекрасен миленик во вашиот дом, а финансисските месечни трошоци за храна и опрема нема да бидат многу високи. Освен тоа, домашната мачка може да ја набавите и бесплатно. Доколку сакате педигриана, расна мачка за неа ќе треба да издвоите малку поголема сума на пари. Мачката е многу чисто животно, кое секојдневно го чисти и негува своето крзно. Единствено, некастрираните возрасни мачори можат да имаат лоша навика кога со својата уринаја обележуваат територијата. Освен тоа, мачките имаат густо крзно кое им паѓа во текот на целата година, а посебно во периодот на митарење.Овој проблем може да се реши со секојдневно четкање на вашиот миленик. Важно е да се напомене дека, луѓето кои боледуваат од астма или од алергии на дишните патишта, не треба да размислуваат за набавка на мачка како домашен миленик. Кастрираните мачки најчесто се многу мирни, за разлика од некастрираните кои во време на парење мјаучат многу гласно и лесно можат да избегаат и да се спарат со било која улична мачка. Затоа, често се препорачува мачките да се кастрираат. Кастрацијата е рутински зафат и може да се изврши кај мачиња кои имаат неколку месеци.


 

Маче или возрасна мачка?

 

Како што веќе кажавме, мачето, за разлика од кучето е многу поедноставно да се набави. Најдобро е да се земе од луѓе кои за кои знаеме , со сигурност дека водат голема грижа околу мајката и нејзиното потомство. Во тој случај знаеме дека тие мачиња се добро чувани и дека лесно ќе им биде адаптирањето во јадење на сува храна, самостојно пиење на вода и користење на тоалетот на нивната мајка. Вакви социјализирани мачиња, многу полесно ќе се навикнат на нов дом и на нови сопственици. Без разлика од каде го набавувате вашето маче, мора да обрнете внимание тоа да изгледа здраво, со сјајно и густо крзно. Очите треба да му се бистри и сјајни, а ушите без знаци на некое габично заболување. Мачето не смее да има исцедок од нос. Не треба да е ни преслабо, ни предебело, а доколку има зголемен стомак, веројатно дека има глисти во цревниот тракт. Често се случува мачката сама да си го одбере новиот сопственик, со тоа што ќе се појави на куќниот праг, во двор или во гаража мјаукајќи да ја пуштат внатре и да ја нахранат. Таквата мачка, ако е млада, лесно ќе се пивикне на новите сопственици и многу често станува нивен домашен миленик. Кога ќе вдомите маче, задолжителна е посета на ветеринар за проверка на нејзиното здравје. Секој ветеринар ќе ви даде стручен совет кој ќе ви помогне при понатамошното чување на вашиот миленик.

Нашата локација

 

Контакт

 

Работно време

  • Понеделник - Петок:
  • 09:00 - 19:00
  • Сабота:
  • 09:30 - 14:30