Идентификација

Милиони кучиња и мачки се губат секоја година, а само мал дел од нив повторно се сретнуваат со своите сопственици. Алтернативна идентификација, различна од ремче или привезок е навистина потребна

 

Денешната технологија ни овозможи да аплицираме мал чип со големина на зрно ориз под кожата на миленикот, што овозможува тоа животно да биде поврзано со својот сопственик. Микрочиповите имаат свој уникатен број преку кој со соодветна регистрација се поврзува со сопственикот на животното кое го носи под својата кожа тој микрочип. Ова му гарантира на сопственикот дека доколку животното се изгуби, истото ќе му биде вратено.

 

Нашата амбуланта е опремена со опрема за читање на електронскиот број од микрочипот, како и со микрочипови кои може да ги аплицираме на вашето животно.

 

Според законот за идентификација и регистрација на животните, Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија води електронска база на регистрирани животни, а одгледувачот на домашен миленик треба да го идентификува животното во рок од шест месеци од раѓањето со микрочип во согласност со ИСО стандардите 11.784 и 11.785 и пасош (документ за идентификација);

 

Одгледувачите кои набавиле идентификуван домашен миленик треба да ги ажурираат податоците во пасошот на домашни миленици и да ја пријават промената до Агенцијата во рок од 30 дена.

 

На секој домашен миленик по апликацијата на средството за идентификација му се издава пасош со податоците за животното и одгледувачот на животното, a pодатоците од пасошот се внесуваат и во гореспоменатата електронска база на податоци.

 

Доколку средството за идентификација се оштети или е неупотребливо, одгледувачот треба во рок од 30 дена да го замени средството за идентификација со ново, a pодатоците од заменетото средство за идентификација треба да се внесат во Електронската база на податоци на начин кој овозможува идентификација на претходната ознака на животното по што се издава нов пасош за животното.

Нашата локација

 

Контакт

 

Работно време

  • Понеделник - Петок:
  • 09:00 - 19:00
  • Сабота:
  • 09:30 - 14:30