За нас...

Нашата ветеринарна услуга е базирана на интегриран холистички пристап кон пациентот, што овозможува рано откривање и спречување на многу болести

За секој од нашите пациенти водиме детална компјутерска евиденција. што ни овозможува со години да го следиме здравјето на секој од нашите пациенти и сопствениците да ги потсетуваме на редовните превентивни мерки и контроли кои треба да се извршат.

Покрај конвенционалните услуги (прегледи, лабораториски испитувања, хируршки интервенции и слично), во можност сме да ви понудиме и бањање на вашиот миленик, како и негово сместување на дневна основа.

Во пет-шопот кој функционира во склоп на нашата амбуланта ви нудиме голем избор на храна, опрема и играчки за вашиот миленик.

Поради вашата и нашата подобра организација, пожелно е вашето доаѓање да го најавите однапред, а наскоро за нашите клиенти ќе обезбедиме и интернет сервис преку кој ќе може да го гледаат амбулантскиот историјат на својот миленик, да закажуваат термини за прегледи и интервенции, како и да добиваат автоматски пораки од нашиот сервер во облик на потсетници и нотификации

Итните случаи и тешко болните пациенти ќе бидат примени без чекање, па поради тие причини ве молиме за соработка и разбирање, ако не сме во можност да го примиме вашиот миленик во закажаното време. Секако, ова важи и за вашиот миленик, ако нему му е потребна итна медицинска помош. секако дека ќе биде на приоритетната листа за прием.

Поради можноста во чекалната да се најде поголем број на животни во исто време, ве молиме вашите кучиња да ги носите врзани на поводник, а мачките во транспортери или ташни наменети за таа намена. На овој начин се намалува и можноста за ширење на болести од и кон вашиот миленик.

Нашата локација

 

Контакт

 

Работно време

  • Понеделник - Петок:
  • 09:00 - 19:00
  • Сабота:
  • 09:30 - 14:30