
Груминг
Груминг е прифатен термин од англиското говорно подрачје кој се однесува на хигиенска грижа и чистење на миленици, како и процесот со кој физичкиот изглед на милениците е подобрен за изложби или други видови натпревари.
Регуларниот груминг значи многу повеќе отколку вашиот миленик да изгледа добро. Тоа е еден од најосновните и најважните чекори во одржување на неговата добра здравствена состојба.
Грумингот често ја обезбедува најраната можност за воочување на знаците на алергии, тумори, гребаници и слично, помагајќи да се откријат мали проблеми пред истите да станат големи. Исто така, тоа е многу важен чекор да ги сочуваме милениците чисти и да го намалиме ризикот за бактериски инфекции и паразитски наезди.
Во нашата амбуланта вршиме комплетна услуга вклучувајќи шишање, бањање, чистење на уши и сечење на нокти, а во план е многу скоро да ви ја понудиме и услугата за чистење на забниот камен
Нашата локација
Контакт
- Видое Смилевски-Бато 11/3, Скопје
- +389 75 365 666
- info@happypet.mk
- www.happypet.mk
Работно време
- Понеделник - Петок:
- 09:00 - 20:00
- Сабота:
- 09:30 - 14:30
- 24/7 на повик само за итни интервенции